Џафери и Главчев: Свртена е нова страница во односите со Бугарија

by fokus

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери денеска оствари средба со претседателот на Народното собрание на Република Бугарија, Димитар Главчев, кој престојува во кратка работна посета на Република Македонија.

На средбата Џафери истакнал дека е дојден моментот за отпочнување на нова страница во односите меѓу двете држави при што се заблагодарил на поддршката која Република Бугарија ѝ ја дава на Република Македонија и за нејзините аспирации за членство во НАТО и во Европската унија.

Според претседателот Главчев со потпишувањето на договорот за добрососедство започнува нова историја во односите на двете земји. Со договорот се отвораат нови хоризонти за соработка на сите полиња, вклучително и меѓу двата парламента на ниво на комисии и групи за соработка, на теми од заемен интерес и особено од интерес на Република Македонија и исполнувањето на критериумите за нејзина евроатлантска интеграција, нагласил претседателот на бугарскиот парламент.

Џафери е поканет да присуствува на ратификацијата на Договорот во Народното собрание на Република Бугарија.

Поврзани новости