Вечерва од Собранието стигна известување дека собранискиот спикер Талат Џафери свикал итна координација на пратеничките групи по инцидентот на Комисијата за европски прашања на која претседавачот Арбр Адеми од ДУИ фрлаше со предмети по пратеници од опозицијата.
Заклучокот од координацијата бил дека граѓаните сами ќе заклучат кој го предизвикал инцидентот, а ниту во ЕУ не се дозволувало насилство врз претседавачот со седница на работно тело на Собранието, кој во случајов беше Адеми.
-Претседателот на Собранието ја свика координацијата откако членовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, по цели два часа со процедурални забелешки се спротивставија да се изгласа дневниот ред на Комисијата за европски прашања, кој сепак беше изгласан.На координацијата беше донесен заклучок дека собранискиот Деловник ги дава сите можности за работа на Собранието и не дозволува насилство во која било форма.
На координацијата исто така се заклучи и тоа дека граѓаните самите ќе проценат од снимките кои се вртат по социјалните мрежи кој го предизвика инцидентот на Комисијата за европски прашања. Ниту во земјите членки на Европската Унија не се дозволува насилство врз претседавачот со седница на работно тело на Собранието.
На координацијата присуствувале само координаторот на СДСМ, Јован Митревски, потпреседателот на Собранието, Горан Мисовски и пратеничката од Алтернатива, Сафије Садики Шиаини, додека другите координатори не се одзвале на поканата.