Државниот секретар Азири: Антиалбанец како Милошоски заслужува и повеќе

by fokus

Државниот секретар во Министерството за култура, Валмир Азири вечерва сподели видео од инцидентот во Собранието во кој координаторот на ДУИ, Арбр Адеми фрла предмети кон Антонијо Милошоски и други пратеници од опозицијата и му даде поддршка на Адеми.

-Антиалбанец како Милошоски заслужува и повеќе, времето на продавачите на магла заврши, новите генерации Албанци ќе им ги скршат рацете и нозете на сите што ќе се обидат да ги понижат Албанците, напиша Азири и додаде емотикон со тупаница.

Поврзани новости