Џафери го честита Денот на независноста и на сите граѓани им посака лична среќа и верба во подобра Македонија

by fokus

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, испрати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста.

-Република Македонија денес одбележува 26 години од денот кога Македонците, Албанците, Ромите, Турците, Србите, Власите, Бошњаците и другите се определија за самостојна и независна држава, Република Македонија.  Пред дваесет и шест години беа поставени стратешките цели на новата граѓанска држава во која при донесување на сите политички одлуки, секогаш во прв план ќе биде граѓанинот, неговите права и слободи, неговата стабилна сегашност и подобра иднина во Република Македонија, а општеството беше дефинирано како мултиетничко, мултикултурно и мултиконфесионално, а евроатланската интеграција на Република Македонија стана приоритетна стратешката цел, стои во честитката.

Џафери додава дека токму со оваа определба и со поглед кон иднината би сакал на сите граѓани на Република Македонија, уште еднаш, да им го честита Денот на независноста и да им посака пред сè лична среќа, благосостојба и верба во подобра европска Република Македонија.

Поврзани новости