Ибрахим: Опозицијата која се хранеше од меѓуетничка омраза, денес сака да профитира преку помалите заедници

by fokus

Ќе беше смешно да не беше трагично тоа што денес опозицијата ги злоупотребува помалку бројните заедници кои повеќе од една деценија беа заборавени и игнорирани од иста таа структура, рече денеска пратеникот Енес Ибрахим од Партијата за движење на Турците – ТХП.

-Со нивната разурнувачка политика ги разгорија страстите и ги загрозуваат темелите  на меѓусебното разбирање и меѓуетничката толеранција.  Помалку бројните етнички заедници ги избришаа од сите сфери во општеството, ги отстранија од сите процеси во градењето и развивањето на квалитетот на живеење на општеството и воопшто на одржувањето на државните интереси кои јасно се наведени во Уставот, рече Ибрахим.

Тој додаде дека припадниците на овие етнички заедници се повеќе од свесни за сите случувања и секако дека нема да дозволат да бидат марионети на актуелната опозиција.

Поврзани новости