Џафери: Ги надминуваме предизвиците кон ЕУ и НАТО, Македонија да биде дом на сите

by Фокус

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, истакна дека ова е значаен ден во историјата на Македонија и симбол на решителноста и свесноста на народот кој застана во одбрана на слободата.

Денес, како што истакнува Џафери, живееме во слободна, независна, демократска, почитувана земја која смело гради добрососедски односи, како сериозен стратешки партнер за градење мир кој го изодува својот пат кон исполнување на одамна утврдените стратешки определби – полноправното членство во ЕУ и НАТО.

„Чекорејќи по тој пат, наидуваме на предизвици кои се трудиме да ги надминеме со меѓусебно разбирање, почитување и негување на различностите помеѓу сите граѓани, со цел оваа наша земја да биде заеднички дом на сите граѓани кои својата иднина и иднината на идните поколенија ја гледаат во демократска, силна, модерна и европска Република Македонија“, пишува Џафери во честитката.

Поврзани новости