Џафери до Сугаревски: Министре, овде јас говорам за процедурите во парламентот

by Фокус

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски, на денешната седница за пратенички прашања, му посочи на пратеникот од БЕСА Фадиљ Зендели дека требало да постави пратеничко прашање по писмен пат, а не само преку дискусија, бидејќи така налага собраниската процедура.

Но, претседателот на парламентот, Талат Џафери, го прекина министерот Сугаревски, истакнувајќи дека во парламентот тој објаснува какви се процедурите.

-Доколку пратеникот поставува прашање меѓу две седници, тогаш тој го прави по писмен пат и министерството мора да му одговори во рок од 30 дена – појасни Џафери.

 

Поврзани новости