429
Откако Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека собранискиот спикер Талат Џафери го крши Деловникот, тој експресно доби одговор од Џафери да не се мешаат во работата на претседателот на Собранието.
– Можете да го изложите тоа што имате, но не може и да се мешате во мојата работа. И, Влада не се конституираше шест месеци, ама благодарение на вас и тоа се случи – истакна Џафери.