332
За секој час побарана пауза, ќе ја продолжувам седницата за еден час после 18 часот, истакна претседателот на Собранието, Талат Џафери, откако координаторот на една од пратеничките групи на ВМРО ДПМНЕ, Зоран Илијоски повторно побара пауза од еден час.
Пред паузата, Џафери, обраќајќи им се на пратениците и на јавноста рече дека нема да коментира која е намерата со честото прекинување на седницата со барања за паузи и ќе остави јавноста да го процени тоа.
-За да не се сфати дека си правиме сопки едни на други, ние договоривме како ќе се одвиваат седниците. За секој час побарана пауза, ќе ја продолжувам седницата за еден час после 18 часот – рече Џафери.