Џафери: Дел од пратениците на СДСМ не дадоа поддршка за гласање на Законот

by fokus

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, потврди дека имало разногласие кај парламентарното мнозинство околу планот Законот за употреба на јазиците да се гласа без амандманска расправа, како би се изигнорирале илјадниците амандмани на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Џафери, дел од пратениците на СДСМ не дале своја поддршка на таквиот план, поради што немало доволно гласови да продолжи постапката.

Џафери е подготвен да закаже уште една седница на која директно ќе се гласа за донесување на Законот за употреба на јазиците без притоа да се прифати разгледување на 35 илјади амандмани кои опозицијата ги поднесе. Според него ВМРО-ДПМНЕ ќе има право на процедурална забелешка, но Собранието не смее да биде заложник за никого.

 

Поврзани новости