299
Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, по гласањето во родното Форино во Гостивар на граѓаните им честиташе на европскиот начин на гласање.
„Ме радува фактот што атмосферата е мирна и што граѓаните имаат можност да гласаат европски. Тоа е придобивка на политичкиот систем во Република Македонија со која граѓаните слободно ја изразуваат нивната слободна волја. Се надевам дека до крајот на денот ќе биде вака како што и започна изборниот процес. Во тој контекст сакам да им честитам на граѓаните за нивниот однос и на претендентите што ќе ја добијат нивната доверба. Овој тренд радува и сакам уште еднаш да им честитам за ваквиот начин на гласање и дека тоа ниво ќе се задржи и понатаму – истакна Џафери