Јас сум авторот на филибастеринг во Македонија, но јас не го блокирав Собранието туку само закон, рече спикерот Талат Џафери на ТВ21. Тој додаде дека со Димитар Апасиев имаат коректна соработка и тој, според него, е легитимен претставник на народот во Собранието.
-Би прифатил да бидам Че Гевара, ако Апасиев прифати да биде Фидел Кастро – рече Џафери.
Во однос на спорот со Бугарија, Џафери изјави дека Софија ги спори историјата и идентитетот, за што, како што истакна, ниту еден народ не би прифатил преговори.
-Бугарија и Северна Македонија потпишаа договор за добрососедство. Со овој договор преземаа и двете страни конкретни обврски. Веднаш после тоа од Бугарија беа поставени нови услови – потенцира Џафери.
Според него, проектот на министерката за образование Мила Царовска за реформа во образованието билаизбрзан.