1K
Претседателот на Собранието, Талат Џафери побара од членовите на Државната комисија за спречување корупција до утре да се извинат за изнесените наводи дека апанажата на пратениците изнесува 100.000 денари. Во спротивно вели Џафери во изјава за Телма ,членовите на ДКСК се избираат од Собранието и тоа му дава право да бара одговорност од нив.
-Несмасно е, ноторни невистини да се изнесуваат од такво тело за состојбите во Собранието по однос на висината на апанажата на пратениците, вели Џафери.