Даниловски: Бројот на хоспитализирани е поверодостоен показател за една епидемија

by fokus

Докторот и епидемиолог Драган Даниловски во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 вели дека од 27-ми септември имаме повторно пораст на нови позитивни лица и број на хоспитализирани.

-Бројот на хоспитализирани е релевантен и поверодостоен покатазел за динамиката на една епидемија. Таков периметар се и бројот на починатите. Во последните недели имаше блага тенденција на опаѓање, тоа ме натера да помислам дека стивна целата ситуација. Меѓутоа гледаме дека имаме зголемување на бројот, иако не мислам дека бројот е брутално зголемен, како што е тоа бројот на позитивни, изјави Даниловски.

Поврзани новости