558
Не е случајно што Собранието е организатор на референдумот, вели претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери во вечерашното гостување на ТВ 21.
Тој најави дека одговорност ќе сноси Собранието и доколку не се постигне цензус.
-Доколку нема цензус, не е крајот на светот за државните институции. Државните институции функционираат врз основа на избори и тие се менуваат преку избори. Значи, Парламентот е носител на тој процес, изјави Џафери.