683
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, не сака да коментира шпекулации околу евентуалната вмешаност на пратеници во случајот „Рекет“ кој го отвори Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.
Сепак, тој вели и да дојде до такво нешто и да има барање за одземање на имунитет, тоа што пратениците ќе бидат на одмор во август не значи дека нема да се состанат да расправаат за тоа.