Вториот телефон на Јанева бил најден кај нејзин познаник

by fokus 11:45
11:45

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева сепак не го загубила вториот мобилен телефон во Белград, како што тврдела во истрагата за случајот „Рекет“, туку „го подарила“ на друго лице, информираа денеска од Јавното обвинителство. Како што дознава „Фокус“, телефонот е лоциран и одземен во државата, а лицето кое го поседувало било познаник на Јанева.

Од Обвинителството за организиран криминал и корупција велат дека и овој телефон ќе биде предаден на вештачење. Вештачењето на првиот телефон на обвинителката беше завршено вчера, но засега не се откриваат детали во јавноста.

- Advertisements -

Јанева сѐ уште не е осомничена во истрагата за „Рекет“, ситуација која може да се смени во зависност од доказите кои ќе произлезат од телефонот. Засега осомничени се Бојан Јованоски и Зоран Милевски Кичеец, кои наводно добиле 1,5 милиони евра од бизнисменот Орце Камчев, за да се спаси од кривичен прогон за случајот „Империја“.

В.В.

Поврзани новости