445
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(22) од с. Џепчиште, Тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“.
– На 28.04.2023, пријавената лажно пријавила дека едно лице над неа извршило обљуба во текот на денот во с .Џепчиште. После тоа, врз неа извршен бил гинеколошки и телесен преглед, при што било утврдено дека се работи за самоповредување, по што и самата признала дека лажно пријавила кривично дело – информираа од МВР.