Девојка почина од струен удар, мајката се обидела да и помогне, но и таа починала

by fokus

Девојка на возраст од 24 години починала од струен удар во купатило во семејната куќа во село Горно Арнакија, а во обид да ја спаси, струен удар ја погодил и убил и нејзината педесет и седумгодишна мајка. На помош притрчала и нивната сестра и ќерка која не успеала да ги спаси.

Инцидентот се случил вчера, а бил пријавен вчера околу 14.50 часот во полициското одделение Сарај од итната медицинска помош.

-Полициски службеници излегле на местото на настанот и според изјавеното од Н.С.(27) од с.Арнакија, откако околу 14.10 часот ја пронашла нејзината сестра М.С.(24) од истото село во купатилото погодена од струен удар, се упатила по помош, но во меѓувреме нејзината мајка З.С.(57), при обид да ѝ помогне на М.С., била погодена од струен удар. Од Итна медицинска помош е констатирана смрт кај двете лица. Увид извршила екипа од СВР Скопје, а по насока на Јавен обвинител телата на починатите се предадени на семејството, соопштија од МВР.

Поврзани новости