484
Вчера во 23.10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на булеварот „Октомвриска Револуција“ во Куманово, патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(20) од Куманово, удрило во малолетен пешак.
Во сообраќајната несреќата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Куманово.
Екипа од СВР Куманово извршила увид на местото на несреќата.