Девојче почина по вадење заб, се задушила во сопствената крв

by Fokus

Осумгодишно девојче почина во Колумбија откако стоматолог и го извадил забот. Азусена Тријана изјави за локалниот весник дека нејзината ќерка близначка, Салома Бохоркез, се пожалила на болки и била лекувана на 4 август.

Вознемирената мајка кажала и дека пред интервенцијата, стоматологот побарал рендген. Веднаш потоа докторот и го извадил забот.

Тријана рече дека нејзината ќерка веднаш почнала обилно да крвари по вадењето на забите и докторот понудил да ги однесе во болницата Сан Хуан де Диос.

– Салома сè уште беше жива. Жива влезе во болница. Ништо не можеа… Се задуши од сопствената крв – вели очајната мајка.

Тријана откри дека на девојчето претходно и била дијагностицирана анемија и закрепнала по серијата третмани што и ги препишал нејзиниот педијатар.

Семејството соопшти дека смртта на детето тешко го погодила нејзиниот брат близнак Николас.

Тие го опишаа девојчето како дете кое сакаше да пее и да создава содржини на TikTok.

– Таа ни подари осум години среќа. Беше забава во нашиот дом – изјави нејзината постара сестра Марија Бохоркез.

Тријана не го обвинува докторот за смртта на нејзината ќерка.

– Нема да го обвинуваме докторот. Прво, да почекаме што ќе покаже обдукцијата – рекла мајката.

Поврзани новости