Осумгодишно девојче стана првиот пациент во Велика Британија кој до крајот на животот останал без лекови кои го потиснуваат имунитетот по трансплантацијата.
Адити Шанкар, која боледува од ретка генетска болест, добила нов бубрег и коскена срцевина од нејзината мајка Дивија во лондонската болница Грејт Ормонд Стрит (ГОШ). Бидејќи имала трансплантација на матични клетки преку коскена срцевина, таа можела да престане да зема имуносупресиви еден месец по добивањето на новиот орган.
Имуносупресивите се лекови кои се важен и составен дел од животот на повеќето луѓе кои имале трансплантација бидејќи го спречуваат телото да го отфрли донираниот орган. Но, имајќи предвид дека ја намалуваат функционалноста на имунолошкиот систем, оние кои ги земаат се изложени на поголем ризик од инфекции и други компликации.
Адити била примена во ГОШ на петгодишна возраст кога лекарите откриле дека има Шимкеова имуно-скелетна дисплазија, која влијае на имунолошкиот систем и бубрезите. Оваа болест погодува приближно едно дете на секои три милиони. Адита првично не можеше да добие трансплантација на бубрег поради нејзината основна имунолошка состојба, изјави Стивен Маркс, специјалист за педијатриски бубрези во GOSH, за Sky News.
-Моравме да го поправиме нејзиниот имунолошки дефицит, а бидејќи Адити можеше да ја прифати коскената срцевина на нејзината мајка, нејзиното тело го почувствува бубрегот на нејзината мајка како дел од неа. Еден месец по трансплантацијата, можевме да и ги отстраниме сите имуносупресиви, што значи таа нема никакви несакани ефекти од лековите, изјави Маркс.