822
Македонската каратистка Пуликсенија Јовановска го освои 9.место во кати на Олимписките игри во Токио од вкупно 10 натпреварувачки.
На овој собир на најдобрите спортисти во светот каратето за прв пат е во олимписката програма, а Јовановска испиша историја со својот настап, како прва каратистка од Македонија што нè претставува во овој спорт.
-Колку вредеше, сите овие години, тренинзи, пот, солзи,повреди, неправди.. Презадоволна од се што дадов на татамите!
Привилегија е што бев дел од оваа приказна, завршив на 9тата позиција.
Прво коло 23.80
Втор коло 24.00 (мој најдобар резултат)
Горда на себе за секоја секунда помината во сала сите овие години!
Фала ти Боже за се, напиша Јовановска на фејсбук.