Активни пожари во битолскиот, струмичкиот, кумановскиот и штипскиот регион

by fokus 10:08
10:08

Активни пожари има во битолскиот, струмичкиот, кумановскиот и штипскиот регион. Во нивното гаснење од раните утрински часови учествуваат пожарникарите, припадници на Армијата, а на одредени места дел од екипата од Бугарија, како и месното население, објавија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни пожари, согласно состојбата до 8 часот утринава, има во битолскиот регион. Поточно, на територијата на ЕЛС Прилеп има два активни пожари на отворен простор и тоа во атарот на селата Дрен-Смолане каде гори сува трева и шума и е во близина на објекти.
Пожар кој започна на 2 август во атарот на селото Топлица се проширил во атарите на селата Ракле и Никодин. Гори сува трева, а во повисокиот дел и густа шума

- Advertisements -

Од ЦУК информираа дека на двата пожари од раните утрински часови во гаснење учествуваат девет пожарникари со 4ПП возила и 28 припадници на АРМ и вработени од „Црн бор“ – Прилеп.

Во однос на струмичкиот регион, таму утрово на пожарот кај Погана се излезени 2 ПП возила од ТППЕ Валандово со седум пожарникари, 14 од ШС Саланџак-Валандово, 30 припадници на АРСМ, ДЗС Валандово 7, ЕВН со седум вработени, една цистерна за вода и едно теренско возило, од РЕК Битола и здружение од Битола девет луѓе исто така се излезени 13 вработени од ПШС Кожув.

Во кумановскиот регион активен е пожарот во селото Мургаш. Гори сува трева и истиот може да се прошири према куќите.
За пожарот се известени ТППЕ Куманово, ДЗС Куманово и општина Куманово. Во моментот активни пожари има во селата Довозенце, Горно Јачинце и Градиште, а информациите се добиени од ТППЕ Куманово чии екипи сеуште се на терен.

Во Општина Кратово пожарот во селото Коњух е се уште активен на непристапен терен. На терен се ТППЕ Кратово со едно возило, три пожарникари и четворица вработени од Шумското стопанство.
Во штипски регион, пожарот на потегот село Костин дол – Ново село од нокеска е повторно активен. На терен се екипи од ТППЕ-Кочани, ШС Осогово, Водостопанство и МЗШВ.

Пожарот кој Стар Истевник се уште е активен. Од раните утрински часови на терен се распоредени екипи на АРСМ, ЦУК, ДЗС, НШ, ЈП, дел од екипата од Бугарија како и месно население. Само од АРСМ има 200 луѓе. Противпожарна екипа од Кочани.

Информација од Раководителот на РЦУК Делчево од лице место, е дека на теренот се распоредени екипи на НШ, ГП, КП, АРСМ, во многу голем број месно население и доброволци. На теренот видливоста е многу намалена и има многу дим, што го отежнува гасненењето на пожарот.

Поврзани новости