Деветнаесетгодишно момче од Крива Паланка физички нападнало полицаец додека службеникот вршел контрола во кафеана. Инцидентот се случил синоќа, 30 минути по полноќ кога пред кафеаната С.Ѓ. го нападнал полицаецот и му нанел повреди во пределот на стомакот, раката и устата.
-На ул.„Свети Јоаким Осоговски“, пред угостителски објект при превземање на мерки и активности за контрола на угостителски објекти и проверка на идентитет на лица, полициски службеник од ПС Крива Паланка бил физички нападнат од страна на С.Ѓ.(19) од с.Конопница–Крива Паланка, при што му биле нанесени телесни повреди (во пределот на стомакот и гребнатини на левата рака и устата). С.Ѓ. бил приведен и истиот е задржан во полициска станица по овластување на Јавен обвинител до целосното расчистување на случајот и поднесување на соодветна пријава, информираат од МВР.