Пет деца во последен момент спасени од пожар, куќата пеплосана до темел

by fokus

Вистинска драма се случувало вчера утрото кога, околу 10.20 часот, избувнал пожар во семејна куќа во Скопје, а во неа сами биле пет малолетни деца. Штом го забележале огнот соседите веднаш реагирале и ги извлекле децата на сигурно.

Според информациите од МВР, пожарот избувнал во куќа  во сопственост на 48-годишниот А.Џ. на ул.„Брсјачка Буна“.

-Покрај неговата куќа, која била целосно опожарена, зафатени биле уште три соседни куќи, сопственост на Џ.Х.(26), на Ѓ.Ф.(35) на двете им биле опожарени само кровните конструкции, и на Н.Л.(42) на чијашто куќа била оштетена фасадата и кровната конструкција од помошен објект. Пожарот бил изгаснат во 11,45 часот од страна на екипи на Бригадата за противпожарна заштита. Се работи на целосно расчистување на настанот, велат од МВР.

Поврзани новости