Деветмина приведени за фотографирање гласачко ливче

by Fokus

Министерството за внатрешни работи излезе со соопштение за изборни нерегуларности. Ви го пренесуваме во целост:

Денеска во 15.25 на гласачкото место 2052 во село Горно Седларце, тетовско, регистриран е обид за физичка пресметка меѓу гласач и член на изборачки одбор. И.М (71) од Горно Седларце дошол да гласа, и откако ја приложил личната карта во тој момент С.С. (34) член на избирачкиот одбор, поради нарушени меѓусебни односи, му ја фрлил личната карта по што И.М. физички го нападнал. По ова известена е полицијата, а И.М. е приведен.

Исто така, евидентирани се осум пријави за фотографирање на гласачки ливчиња, од кои расчистени се седум случаи односно седум лица се приведени, од кои четири во Скопје: Д.С. (на гласачко место во ОУ “Ѓорче Петров“); С.А. (гласачко место во ОУ “26 Јули“); Џ.Д. (гласачко место во ПУ “Петар Здравковски Пенко“) и Д.Д. (гласачко место во ОУ “Ѓорѓи Димитров“), две лица во Охрид – Д.Т. (гласачко место во населба Лескоец) и С.А. (гласачко место во музичкото училиште) и уште едно лице Е.А. (на гласачко место во ОУ “Кемал Ататурк“ во Жупа. Против овие лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Во два случаи – едниот на гласачко место во скопско Мирковци и вториот на гласачко место во Кавадарци – приведени се две лица. Во првиот случај лице гласало во име на својата мајка (таа последовително е повикана на разговор во ПО Мирковци) а во Кавадарци лице гласало во име на својата сопруга, при што од ОЈО Кавадарци настанот е квалификуван како кривично дело – “злоупотреба на избирачко право“ (по чл.161 од КЗ на РМ).

Поврзани новости