ДИК: Излезноста до 17 часот е околу 49 проценти, во Скопје над 50 проценти

by Фокус

До 17 часот на локалните избори гласале 49 проценти од запишаните гласачи на ниво на Република Македонија, информираа предмалку од Државната изборна комисија.

Според Портпаролката на ДИК, Љупка Гугутчевска, во Скопје излезноста била над 50 проценти, при што во Аеродром била 55 отсто, во Ѓорче Петров 54 отсто, во Карпош 57 отсто, во Кисела Вода 53 отсто итн.

Од другите поголеми општини, во Битола излезноста до 17 часот била 50,3 отсто, во Велес 51,2 отсто, во Гостивар 40 отсто, во Кичево 48 отсто, во Струга 43 отсто, во Струмица 51 отсто…

Притоа, највисока излезност имало во Вевчани од 72 проценти, додека најниска излезност има во Маврово и Ростуше од 31 проценти.

Поврзани новости