622
Вчера утрото, било пријавено дека малолетно девојче се удавило во Бањичка река, откако се лизнало и паднало во реката.
„На 08.03.2020 околу 09.30 часот во СВР Велес било пријавено дека во с.Бањица, општина Чашка, деветгодишно девојче се лизнало и паднало во водите на Бањичка река. По преземени мерки, утрово околу 07.00 часот девојчето било пронајдено удавено во реката. По наредба на Јавен обвинител, телото е предадено на семејството“, велат од МВР.