Семејството Ацевски од Долно Соње живее во катастрофални услови во нивната трошна куќа во оваа населба. Од сите девет члена, само двајца работат, кои земаат ниски плати.
Тие живеат без струја, топла вода, тоалет,а оставени се на тоа колку најдат дрва за горење и со тоа се топлат во зимно време.
Сакаат куќата да им нема влага и барем една од собите да биде средена за да можат сите 9 члена да бидат заедно таму.
Поради таа причина, организациите на спортисти и рекреативци „I love hiking“, „Macedonian bike riders“, „Друштво неозбилни велосипедисти“ прават хуманитарен настан на Водно.
Сите што се заинтересирани да донираат за ова семејство, во четврток во 18 часот да бидат пред училиштето Кочо Рацин, каде ќе се тргне кон Водно. А на самиот врв ќе се донираат средства за ова семејство.