Во теков на вчерашниот ден, СВР Штип направи контрола на техничка исправност на возила, со кои се врши јавен превоз. При истата, кај девет од нив биле констатирано дека се без исправни сопирачки.
„На 20.03.2019 во периодот од 08.00 до 13.00 часот СВР Штип спроведе засилена акциска контрола на техничка исправност на возила со кои се врши јавен превоз на патници. Од извршената акциска контрола контролирани се 57 автобуси и други возила кои вршат јавен превоз, од кои 54 се упатени во станица за технички преглед. Притоа, кај девет возила е утврдена неисправност на уред за запирање, кај едно неисправен уред за управување, додека две возила не извршиле вонреден технички преглед. Преземени се вкупно 22 мерки по горенаведените прекршоци и издадени се 12 прекршочни платни налози. Санкционирани се и 19 останати прекршоци“, велат од МВР.