Девер ја киднапирал и претепал поранешната снаа

by Fokus

Триесетгодишна скопјанка пријавила дека нејзиниот девер ја нападнал, информираат од МВР.

Според полицијата, вчера околу 19.00 часот во Полициската станица Карпош, М.М. (30) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 11.30 часот во „Жена Парк“ во Скопје, поранешниот девер Ф.Р. од населба Злокуќани, со употреба на физичка сила ја внел во неговото патничко возило и ја однел во населба Злокуќани, во домот на Ш.С., нејзин поранешен сопруг со кого живеела во вонбрачна заедница. Потоа Ф.Р. физички ја нападнал, а во еден момент М.М. успеала да избега и се упатила во Клиничкиот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Поврзани новости