Детската болница во Козле демантира дека имало пожар, настанало само кратко топење на каблите

by fokus

Од Детската болница во Козле попладнево преку соопштение ги демантираа информациите дека имало пожар во објектот.

Според директорот на болницата Ангелчо Андоновски, станува збор само за краткотрајно топење на каблите во еден од тоалетите, поради што превентивно била повикана противпожарна служба, согласно протокол за реагирање во вакви ситуации.

– Не се настанати никакви оштетувања, освен незначителна материјална штета. Директорот апелира да не се шири непотребна паника и напоменува дека децата кои се сместени во тој дел од зградата се безбедни и нема повредени лица, се наведува во соопштението.

Поврзани новости