Отворање на архивите на Комунистичката партија на Грција за да се утврди точниот број на македонските борци во Граѓанската војна во Грција и нивниот национален идентитет, побара претседателот на Сојузот на децата бегалци од Егејскиот „Македон”, Ташко Јованов, на средбата на прогонетите Македонци од Егејска Македонија во штипското село Брест од новиот грчки премиер.
На средбата беше разговарано за новата политичка ситуација во Грција, како и за третманот кој го имаат Македонците.
-Новиот премиер Ципрас треба да се замисли и да ги укине црните печати по пасошите на Македонците. Конечно треба да престане дискриминацијата на македонскиот народ, на Македонците родени во Грција и на Македонците кои и денес живеат во Грција, изјави Јордан Тунев, претседателот на здружението „Македонски Егеј“ од Штип.