Вупно 20 деца на возраст од 6 до 11 години со две наставнички биле затекнати во приватна куќа каде што противзаконски се оддржува настава со верски обреди, пренесува Макфакс. Децата учеле молитви, поклоненија и други религиозни заповеди секој работен ден од 11 до 16 часот. Ова го откриле инспектори на Секторот за инспекциски надзор над примената на законските и други прописи од областа на социјалната заштита и заштита на децата – Одделение за инспекциски надзор од дејноста на заштита на децата при Министерството за труд и социјална политика заедно со инспектор од Државниот инспекторат за труд по службена должност во координиран вонреден инспекциски надзор денеска околу пладне.
Вонредната акција била спроведена по дојава на вознемирени граѓани кои знаеле за оваа „настава“, по што било констатирано дека Министерството не издало соодветно решение за работа на предучилишна установа за деца.
По барање на инспекторот од Државниот инспекторат за труд за увид во документацијата за работа на објектот во кој се случува оваа незаконска дејност, било кажано дека целокупната документација ја поседува сопственикот на хуманитарното здружение „Мустафа Паша“, кој е турски државјанин. Исто така, од кажување на присутната наставничка оваа хуманитарна организација имала повеќе објекти со ист воспитно образовен карактер, но истата не знаела каде се наоѓаат.