Владата ќе праќа 35.000 најниско платени работници на бесплатно летување

by fokus

Премиерот Зоран Заев денеска од Штип најави нова мерка на владата: бесплатно летување за 35.000 најниско платени работници.

-Оваа мерка ќе опфати околу 35.000 работници и дополнително ќе се овозможи продолжување на сезоните во туристичките капацитети ширум Македонија. Верувам дека на тој начин ќе го помогнеме и туристичкиот бизнис, ја објасни Заев оваа мерка.

Тој порача дека за Владата грижата за стандардот на работниците е еден од приоритетите и побара солидарност од сите засегнати страни и уште еднаш ја изрази подготвеноста на државата силно да ги подржи домашните претпријатија во нивниот развој.

Поврзани новости