Од Клиниката за неврохирургија велат дека е во стабилна состојба 10-годишното детенце кое вчера беше удрено од возило во движење на улицата „Борис Сарафов“ во Општина Ѓорче Петров. Оттаму информираат дека има скршеница на главата, крварење во мозокот и повреда на рамото.
-Детето е контактибилно и во стабилна состојба, оценето е дека нема потреба од операција – велат од Клиниката и додаваат дека ќе биде задржано на опсервација.
Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 19 часот, кога возило „Опел астра“ со скопски регистарски таблички удрило во детето. Граѓаните велат дека на местото се поставени успорници, но возачите често ги заобиколуваат поради што се случуваат сообраќајки.
Пред помалку од еден месец на истата лица беше прегазено друго дете, што предизвика револт кај граѓаните. Ѓорчепетровци велат дека денеска ќе продолжат со протест што го започнаа синоќа и дека повторно ќе ја блокираат улицата.