Мухамед Зекири и членови на обезбедувањето ќе сведочат денеска за претепувањето на Села

by fokus

Три лица меѓу кои и пратеникот Мухамед Зекири, ќе сведочат денеска за нападот врз Зијадин Села во Собранието за време на упадот од 27-ми април. Меѓу сведоците кои денеска ќе се појават во суд се и вработени во собраниското обезбедување.

Абдулфета Аљими, член на обезбедувањето кој го спаси Села, треба да биде донесен од притвор бидејќи и тој е еден од обвинетите за крвавиот четврток. Во овој случај, пак, Абдулфета е сведок. Меѓу тројцата сведоци денска е уште едно лице од собраниското обезбедување.

На минатото судење, што траеше шест часа, беа сослушани тројца сведоци, претседателот на Собранието на РМ Талат Џафери, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и пратеникот на СДСМ Александар Кирацовски.

Во овој случај обвинети се Кире и Цео Ѓорѓиевски, Оливер Ошавковски, Саша Ценков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павловски – Кобра.

Обвинетите за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села на претходите рочишта се изјаснија за невини. Тие пред Судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат виновни и оти тоа ќе го докажат во натамошната постапка.

Поврзани новости