Дете-велосипедист удрено од автомобил, со тешки повреди завршило во болница

by Fokus

Тешко e повреден малолетен велосипедист од Скопје, откако во него удрил автомобил, велат од МВР.

„На 25.08.2022 во 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Филип Втори“, ул.„Даме Груев“ и ул.„11-ти Октомври“, патничко моторно возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(25) од Скопје, удрило во велосипед управуван од малолетник од Скопје, стои во денешниот билтен од МВР.

Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“, додаваат од МВР.

Поврзани новости