Дете се удави во јама со вода додека таткото спиел

by Fokus

Детето Н.Н.(6) загина во местото Рогача, кај Сопот (Србија) додека татко му спиел во куќата. Информаците на српските медиуми се дека детето паднало во јама со димензии 3 на 2 метри.

Таткото успеал да го извади детето од јамата исполнета со вода, но не можел да го спаси.

-Детето не давало знаци на живот. Таткото веднаш повикал полиција и раскажал што се случило. Екипата на итната помош се обидела со реанимација, но безуспешно – вели извор на „Блиц“ запознаен со случајот.

„За жал, таа јама не беше целосно заѕидана или покриена, занаетчиите нешто правеа. Инаку, момчето живеело со татко му и сестра му, а мајката ги оставила“ – рекол еден од соседите на повреденото семејство и додал:

„Мајка им ги зеде со себе пред една година, но набрзо му ги врати на татко им. Таа му рекла: „Или земи ги децата или јас ќе ги оставам во дом“. Од друга страна, тој работел ноќна смена во пекара во Младеновац. Инаку, момчето на 25 март требаше да наполни 6 години“ – вели соседот.

Тој наведува дека најверојатно таткото Зоран заспал, па детето само излегло надвор.

„Тој е вреден и пожртвуван татко. Купил куќа во центарот на селото која ја исплатил на рати. Ја поправаше бањата и затоа занаетчиите дојдоа да ја ископаат јамата“ – објаснува соседот.

По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, детето е пренесено на обдукција во Институтот за судска медицина.

Како што дознаваат медиумите, работниците од Центарот за социјална работа во Сопот излегле на лице место и во договор со таткото, другото дете, девојче (4) го пренеле во Центарот за заштита на доенчиња, деца и младинци во Белград.

Поврзани новости