Поранешниот фудбалер на Ливерпул стигна до 171 килограм, ама „ја измами смртта“

by Fokus

Многу поранешни спортисти се борат со вишокот килограми, но прејадувањето оставило голема трага кај поранешниот играч на Ливерпул.

Нил Рудок денес има 54 години и играше како стопер за Ливерпул, Милвол, Тотенхем, Вест Хем, Кристал Палас, Квинс Парк Ренџерс, Саутемптон и Свиндон Таун.

Рудок достигна 171 килограм за време на пандемијата. Јадел и пиел неконтролирано. Кога видел дека неговото здравје е сериозно загрозено, решил да оди на операција на гастричен бајпас.Брзо ослабе 45 килограми. Тој објасни како се чувствувал тогаш.

„Бев исплашен за мојот живот. Знам дека многу луѓе ќе го прочитаат ова и ќе мислат секакви работи за мене, но ќе ви кажам дека ја измамив смртта. Станав подебел и помрзелив од кога било“, рече Рудок во една емисија на британска телевизија.

Набрзо објаснил како дошол до таа состојба.

„Порано нарачав многу храна во рестораните. Често си правев сендвичи со сланина само за да направам нешто, од досада. Навистина не помогна што беа отворени разни апликации за испорака, па нарачував бонбони и сладолед. Сега сè уште можам да јадам сè, но можам да голтнам само четири залаци. Среќен сум после тоа, единствено што не можам да пијам газирани пијалоци“ рече тој.

Поврзани новости