Дете се јавило во американска Служба за итни повици да му помогнат за домашна задача по математика

by fokus

Дете се јавило во американската Служба за итни повици и побарало помош за пишување на домашната задача, а диспечерката покажала доволно професионалност и трпение да му помогне, со што стана вистински интернет хит.

Антонија Бунди, вработена во Полицискиот оддел на Лафајет во сојузната држава Индијана, не можела да го одбие момчето кое повикало 911 оти „имало навистина лош ден” и „тони домашни задачи“, па му помогнала со задачата по математика. Идентитетот на детето не е соопштен.

– Добиваме многу необични повици, но овие некако посебно се издвојуваат, изјави началникот од Одделот, Мет Гард.

Поврзани новости