398
Десетгодишно дете од Албанија се удавило во резервоар со вода во дебарско откако сакало да се разлади.
Според локалната албанска полиција станува збор за А.Д.(10), по потекло од селото Мало Острени, кое живеело во Драч, а било дојдено на гости кај неговите роднини.
– Нешто по 18 часот во нашата болница беше донесено дете кое не даваше знаци на живот. Попусти беа обидите да го реанимираме, па за жал моравме да констатираме смрт, која настапила како последица на давење во вода. На телото на детенцето немаше траги на насилство – изјави Баки Алили, директор на дебарската општа болница.