Аце Коцевски најверојатно ќе биде кандидат за градоначалник на Велес од СДСМ

by Fokus

Аце Коцевски најверојатно ќе биде пак кандидат за градоначалник на Велес од редовите на владејачката СДСМ на престојните локални избори што ќе се одржат на 15 октомври.

Коцевски на последните избори во 2013 година изгуби од неговиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Славчо Чадиев.

Инаку, партискиот лидер и премиер, Зоран Заев, денес изјави дека СДСМ утврдила 70 отсто од кандидатите за градоначалници.

Поврзани новости