До крајот на денов времето во државава ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Во попладневните часови и навечер ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува умерен ветер од западен и од југозападен правец и истиот повремено ќе засилува. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и навечер ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи, ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец и истиот повремено ќе засилува. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 24 степени.
Потоа до крајот на овој викенд времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има и повремен локален дожд, локално ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, засилување на ветерот и услови за ретка појава на град. Максималните дневни температури до недела нема многу да се менуваат.
Во понеделник поради продор на малку посвеж воздух од север ќе има мало освежување на времето, температурите ќе бидат за неколку степени пониски и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 23 степени. Ќе има услови за локален слаб дожд. Сето ова ќе биде проследено и со умерен до засилен ветер од северен правец.
Подготви: Славчо Попоски