Детално метео: Поизразена нестабилност за време на викендот

by Фокус

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има изолиран развој на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени.

Во Скопје попладне има мали услови за локална и краткотрајна нестабилност. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 32 степени.

Потоа за време на викендот, особено во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на НЕВРЕМЕ проследено со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град. Температурите на воздухот за викендот ќе бележат тенденција на незначителен пад, особено во недела кога ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 31 степен.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости