Џафери се откажал од намерата утре да закаже седница за избор на спикер

by Фокус

Претседавачот со конститутивната седница на Собранието, Талат Џафери, се откажал од намерата за утре да закаже продолжение на седницата, како што најави во текот на денот, објави „360 степени“.

Од таму пишуваат дека се обиделе и официјално да ја потврдат информацијата дека Собранието утре нема да заседава, но надлежните службеници во парламентот вечерва не можеле да го направат тоа.

Претходно, Џафери попладнево ги задолжил собраниските служби да започнат подготовки за одржување на утрешното заседание, а подоцна во медиумите потврди дека таа ќе се одржи во 15 часот.

Како што рече тој, информацијата дека Стево Пендаровски ќе му го довери мандатот за формирање на влада на Зоран Заев значи дека Заев има мнозинство и затоа треба да се избере претседател на парламентот.

Поврзани новости