Денес, и во следните неколку денови, нашата територија ќе се наоѓа под влијание на многу топла воздушна маса која, како што веќе кажавме, продира од северните предели на Африка. Времето ќе биде сончево и многу топло со максимални дневни температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40 степени.
За време на викендот, и тоа особено во сабота, ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Исто така, за време на викендот се очекува и незначително опаѓање на температурите, особено во недела и во понеделник, но и понатаму ќе остане многу топло.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и многу топло со максимални дневни температури кој ќе се искачат до околу 38 степени. За викендот, и тоа особено во сабота ќе има услови за нестабилност. УВ ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНА вредност и ќе има коефициент помеѓу 9 и 10.
Подготви: Славчо Попоски