Се отвора мобилен пункт за земање брисеви за Ковид-19 во Свети Николе

by Fokus
Мобилен пункт за земање брисеви за тестирање за Ковид-19 денеска ќе биде отворен во Свети Николе.
Од Министерството за здравство соопштија дека Комисијата за заразни болести одговорила на барањето на Кризниот Штаб на Општина Свети Николе, да го направи подостапно земањето брисеви за граѓаните на оваа општина и соседната Општина Лозово. За таа намена, како што се посочува, ќе се користи надворешен објект во близина на подрачната единица во Свети Николе при Центарот за јавно здравје Велес. Објектот ќе има посебен влез и патека на движење целосно одвоени од другите пациенти.
Контролните прегледи ќе ги закажуваат докторите од ЦЈЗ Велес, а првичниот преглед ќе се закажува преку матичен лекар.

-Главна цел на отворањето на мобилниот пункт е да се овозможи побрзо тестирање на лицата кои биле позитивни на Ковид-19, а кои веќе подолг период се во изолација поради неможноста да патуваат во другите градови. Со тоа ќе се намали и бројот на активните случаи во градот, информираат од Министерството.

Поврзани новости