И во следните денови нашата територија ќе се наоѓа под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ. Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени, што значи нема многу да се менуваат во споредба со сегашните.
И во Скопје и околината ќе продолжи стабилното, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, максималната дневна температура се очекува да достигне до околу 31 степен.
Уживајте во прекрасните денови, и во вистинското септемвриско лето кое ќе продолжи и во текот на следните денови.
Подготви: Славчо Попоски